Ристовски во топ форма: Втор гол во подготовките за Бохемианс (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Милан Ристовски го постигна вториот гол за Бохемианс на подготовките за новата сезона. Овој пат 27-годишникот ја затресе мрежата против Рузомберок во победата на неговиот тим од 3-2.

Ристовски не го започна натпреварот, но доби шанса во вториот дел од мечот и истата ја круниса со гол во 70. минута по одличен контра напад за 3-1.

Се вчитува...