Ристовски заменет пред полувремето, Динамо со два пенали во 86. и во 99. минута до неверојатна пресврт-победа над Осијек

Откако не успеаја да се изборат за место во групната фаза во една од двете најквалитетни европски клупски натпреварувања, фудбалерите на Динамо Загреб се спасуваа од срам и во домашното првенство. Иако, вечерва во 6. коло, беа пред пораз по негативата од 2-0, сепак со два пенали во 86. и во 99. минута успеаја да извлечат победа од 2-3 на гостувањето против Осијек.

Динамо имаше негатива од 2-0 по головите на Миерез во 7. минута и Буквиќ во 46. минута, но успеа да се спаси со два доцни гола од пенал на Бруно Петковиќ кој погоди во 86. минута за 2-2, а потоа во деветтата минута од судиското продолжение и за 2-3. Домашните се жалеа на одлуката на главниот судија, затоа што иако беше покажано дека судиското продолжение ќе биде само пет минути, Динамо доби пенал дури во 97. минута, кој потоа беше реализиран во 99. минута.

Претходно, Емрели во 71. минута намали на 2-1.

Интересно, новиот тренер на Динамо Загреб незадоволен направи две измени уште во првото полувреме. Најпрво на Михаличенко уште во 30. минута, а во 41. минута, поради болки, мораше да го извади од игра и македонскиот фудбалер Стефан Ристовски.

Динамо Загреб по шест кола е на четвртото место на табелата, со пет бода помалку од водечкиот Хајдук кој киксираше ова кола, со поразот (0-1) на домашен терен од Истра.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...