Ристовски заминува од Динамо, следна дестинација Македонија или арапските земји?

Динамо Загреб полека но сигурно прави драстични промени во составот за следната сезона, што значи доаѓање на нови играчи, но и заминување на некои од стандардните првотимци изминатиот период.

Стефан Ристовски ја одбил понудата за нов, помал и пократок договор. „Хрватските медиуми“ тврдат дека Ристовски веќе се простил од Динамо и уште во понеделник ќе си замине од Загреб, само ден по мечот со Вараждин во последното коло.

Еден од „сенаторите“ на Динамо, кариерата би можел да ја продолжи во Емирати или во Македонија. Во Динамо е од февруари 2021 година.

За Динамо одигра 184 натпревари и постигна седум гола и забележа 19 асистенции. Неделниот натпревар против Вараждин ќе биде негов 185. и проштален настап во дресот на Динамо.

Се вчитува...