Ристовски застана на голот, Лемго го победи Ерланген

Борко Ристовски и Лемго ја прекинаа серијата од два порази во Бундес-лигата, откако тимот на македонскиот голман славеше над Ерланген со убедливи 34-27.

Ерланген важи за едно од најпријатните бундеслигаши изненадувања сезонава, моментно се наоѓа на шестото место на табелата, но ракометарите на оваа екипа немаа одговор за цврстата одбрана на Лемго. Борко Ристовски застана на голот на својата екипа и за триесетина минути игра имаше шест успешни интервенции, во моментите кога Лемго резултатски се одлепи и си го трасираше патот до победата.

Ова беше четврта бундеслигашка победа на Лемго, трета по доаѓањето на Ристовски, кој се пресели во овој клуб на двомесечна позајмица од Вардар.

Се вчитува...