Подгорица, ривалот на македонскиот претставник во АБА2 лигата во групата „Ц“, Пелистер доби звучно име на тренерската позиција. Местото на веќе заминатиот Драган Радовиќ го наследи селекторот на Црна Гора, Бошко Радовиќ.
Лошиот старт на сезоната и поразот од Џокер во АБА2 лигата беше пресуден за тренерската позиција на Драган Радовиќ, а неговиот помлад колега Бошко покрај тренерската улога во клубот од главниот град на поранешната југословенска држава ќе продолжи да ја врши и селекторската функција.
Подгорица е следниот ривал на Пелистер во АБА2 лигата. Натпреварот помеѓу црногорскиот и македонскиот тим ќе биде одигран во Црна Гора на 15.10 со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА