АБА2 лигата официјално стартуваше вчера, а веќе денеска челниците на регионалното натпреварување се соочија со огромен проблем, откако екипата на Вршац го откажа своето учество.
Вршац требаше да биде дел од групата во која се наоѓа и македонскиот вицешампион Пелистер, но српскиот тим сосема неочекувано, денеска преку соопштение обелодени дека нема да учествува во АБА2 лигата. Во соопштението беа наведени најразлични причини, дел од нив можеби и легитимни, но останува дилемата зошто српскиот клуб се решава за ваков чекор на неколку дена пред одигрувањето на првиот меч (требаше да гостува на Подгорица на 2 октомври).
Од АБА-лигата стигнуваат најави дека експресно ќе биде најден тим што ќе најде интерес во лигата и ќе го заземе местото на Вршац. Приоритет во преговорите ќе им се даде на српските екипи, најпрвин на Слобода Ужице, потоа Раднички Крагујевац, а доколку овие тимови не прифатат, понуда ќе добие и тимот на Џокер, чиј сопственик е Никола Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА