Ривал на Вардар остана без клучен ракометар

Големиот талент на европскиот ракомет, Доминик Мате, заработи сериозна повреда на коленото поради која унгарскиот репрезентативец ќе отсуствува една година од терените.

Мате го носи дресот на Елверум во норвешкото првенство, а веќе има потпишано договор со ПСЖ од јули 2022, но младиот Унгарец ќе мора да почека за своето деби во новиот клуб по тешката повреда што ја заработи на последниот меч во ЛШ против екипата на Кил. Веднаш стана јасно дека повредата е сериозна, а деталните лекарски прегледи само ја потврдија лошата вест – кинење на лигаментите и долга пауза.

Елверум е еден од ривалите на Вардар во групната фаза од ЛШ, а норвешкиот тим го очекува гостување во Скопје на 9 мај.

Се вчитува...