Ривалдо: Меси е под голем притисок, некои луѓе сакаат да ја уништат неговата кариера

Пред неколку дена Лионел Меси „се појави“ на насловните страници во Франција во дресот на францускиот шампион ПСЖ. Ваквата вест ги израдува фановите од Париз, но и разочара многу љубители на фудбалот. На оваа тема и за ваквите написи се огласи и некогаш одличниот фудбалер на Барселона, Ривалдо Фереира.

Ривалдо верува дека почитуваниот француски магазин – „Франс Фудбал“, на овој начин покажал непочитување кон Меси, но и кон Барселона.

„Угледниот француски магазин реши да го стави Лионел Меси на насловната страница во дресот на ПСЖ. Ова е лошо однесување, непочитување кон Барселона, особено во неделата пред големиот натпревар во ЛШ помеѓу овие два тима. Но, тоа е и непочитување кон самиот Меси, може да го повреди. Доколку шпанскиот клуб биде елиминиран, тогаш многу навивачи или новинари ќе можат да кажат дека играчот не бил целосно фокусиран. Затоа притисокот врз него ќе биде како никогаш порано. Оваа одлука може да се смета за провокација на француското издание и се чини дека е очигледна грешка. Ова списание го ценат целиот свет и таквиот потег нема да му користи. Се уште не знаеме дали имало контакти меѓу Меси и ПСЖ, но ако е така, сигурен сум дека Меси секогаш ќе ја почитува Барселона и ќе го дава максимум на секој натпревар до крајот на договорот. Не се согласувам со таквиот чин на „Франс Фудбал“, заклучи Ривалдо.

Се вчитува...