Ривалдо: Модриќ не ја заслужи „Златната топка“, ама знам зошто му ја дадоа

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ја освои годинашната „Златна топка“ во изборот на Франс фудбал. Избор кој разви голема полемика во фудбалската јавност затоа што постојат многумина кои сметаат дека Хрватот не ја заслужил наградата. Поголемиот дел од нив сметаат дека Кристијано Роналдо морал да ја добие оваа награда затоа што зад себе има неверојатна година. Но, очигледно новинарите ширум светот не се баш согласни по тоа прашање.

На оваа тема се огласи и легендарниот Ривалдо кој речиси пред 20 години ја освои „Златната топка“. Поранешниот фудбалер на Барселона вели дека не би му ја дал наградата на Модриќ иако имал одлична сезона…

„Нема дилема дека Модриќ имаше одлична сезона и некако ми е јасно дека само поради тој аспект му ја дадоа наградата. Освои Лига шампиони со Реал и беше централна фигура на Хрватска до финалето на Мундијалот. Сепак, ако се бира најдобриот во годината тогаш тоа е Роналдо. Тој е најдобриот и за 2018 година. Беше фантастичен во Лигата на шампионите, а постигна и четири гола на Мундијалот иако Португалија рано беше елиминирана. Изборот ми е апсолутно нејасен, затоа што неверојатно е Меси да не е во топ три фудбалери. Ова ми личи како обид на сила да ја прекинат доминацијата на Роналдо и на Меси“ – вели Ривалдо.

Се вчитува...