Ривали, но и спортски пријатели: Пелистер со подарок за Вардар за новиот Ф4 во ЛШ

Пелистер и Вардар во сите спортови важат за големи ривали, но спортското пријателство и почитта секогаш е на високо ниво. Доказ за тоа беше и денешното ракометно дерби, пред кое „пелистерци“ му дадоа пригоден подарок на скопскиот ривал, како честитка за пласманот на вториот фајналфор од Лигата на шампионите.

Во името на клубот, капитенот Васко Димитровски му врачи на Стојанче Стоилов икона од заштитникот на градот Битола, Нектариј Битолски.

Се вчитува...