Ракометната репрезентација на Аргентина го претрпе и вториот пораз во низа во подготовките за СП 2023 откако „гаучосите“ попладнево загубија од домаќинот Шпанија на турнирот што се одржуваво оваа земја.
Откако пред помалку од 24 часа беа неочекувано надиграни од Романија, Аргентинците ниту денеска не беа на посакуваното ниво, не успевајќи да му парираат на големиот фаворит. Победникот беше решен уште во првото полувреме што домашниот состав го доби со 16-10, за „црвената фурија“ да доминира до самиот крај и да слави со конечни „плус единаесет“.
Норвешка триумфираше на турнирот на кој оваа селекција беше домаќин, откако по Португалија ја совлада и селекцијата на Бразил, со резултат 30-23. Во првиот дел Бразилците добро парираа и на одмор се замина со само еден гол разлика (13-12), но Норвежаните фуриозно го почнаа второто полувреме, набрзина поведоа со пет гола предност, што до крајот ја зголемија до конечните „плус седум“.
Норвешка утре против САД ќе го игра последниот меч од подготовките за СП, а токму оваа селекција ќе биде наш прв ривал на мундијалот во Краков, меч закажан за петок во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

