По фантастичната сезона во која Баер Леверкузен е на прагот на освојување на титулата во германското првенство ќе му биде многу тешко на тимот на Чаби Алонсо да ги задржи своите најдобри фудбалери со оглед на интересот на европските гиганти.
Еден од нив со сигурност е Џереми Фримпонг кој ја игра најдобрата сезона во кариерата и покрај тоа што беше прекомандуван на десната крилна позиција. Во 25 натпревари во Бундеслигата забележа осум голови и асистенции и со тоа го привлече вниманието на гигантите од Манчестер – Сити и Јунајтед.
Манчестер Јунајтед на него гледа како идеално засилување за бековската позиција која е проблематична и ќе биде приоритет престојното лето, исто како и Манчестер Сити кој бара замена за Кајл Вокер кој полека го губи местото во тимот.
Фримпонг во договорот со Баер Леверкузен има откупна клаузула од 46 милиони евра која не треба да претставува проблем за едни од најголемите тимови од Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА