МЗТ Скопје со импресивно издание и убедлива победа од 68-50 над Теодо ја почна новата натпреварувачка сезона откако аеродромци на домашен терен демонстрираа целосна надмоќ над гостинот од Тиват.
Особено импресивно делуваша одбраната, избраниците на Атанасов умешно ги затворија сите приоди кон сопствениот кош, притоа иницирајќи и лесни поени на спротивната страна. Кога ќе се слави со „плус 18“ вомеч во кој се шутира 3/20 за тројка, секако дека има простор за напредок, а ривалите имаат зошто да се плашат од македонскиот шампион во АБА2 лигата.
„Металците“ во второто коло од групната фаза ќе гостуваат во Загреб на тимот на Цедевита јуниор, меч закажан за 10 октомври со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА