Наспроти борбата со коронавирусот, Загреб утрово го разбуди уште една природна несреќа, силен земјотрес со силина од 5,5 степени според Рихтер. Оштетена е загрепската катедрала, но и голем број згради во центарот на градот.
Во тешките моменти најголемиот ривал на загрепски Динамо, сплитски Хајдук испрати поддршка за град Загреб и на сите негови жители, а навивачите на Хајдук порачаа дека „не е време за поделба…“
„Држи ни се наш Загребе, на терен сме ривали и на трибини, но сега мора да се држиме заедно“ – е само еден од коментарите од Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА