Легендарниот шведски ракометен стратег Штафан Олсон ќе ја предводи Холандија на ракометното СП во Полска, каде „лалињата“ за противник во групната фаза ќе ја имаат токму селекцијата на Македонија.
„Лалињата“ повеќе од еден месец беа во потрага по нов кормилар, за на крајот изборот да падне врз Олсон, одличен стручњак кој ја предводеше Шведска до сребро на Олимписките Игри во 2016 година. Тој се наоѓаше на чело на шведскиот национален состав од 2008 до 2016 година, на клупски план освои три титули во татковината со Хамарби, за од 2015 до 2018 година да седи и на клупата на фраанцускиот гигант ПСЖ.
„Пресреќен сум што добивам шанса да ја предводам репрезентацијата на Холандија. Ова е голем предизвик, да ја развијам селекциајта и да се запознаам со холандскиот ракомет. Ќе биде забавно да се работи со состав што игра атрактивен ракомет“, изјави Олсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

