Репрезентацијата на Аргентина, која е еден од ривалите на Македонија на СП 2023 во Краков, покажа низа слабости на денешниот пријателски меч против Романија што „гаучосите“ го загубија со 31-26.
Натпреварот се играше како дел од турнирот во Шпанија, а Аргентинците по доброто издание во првото коло против Бахреин денеска целосно потфрлија, играјќи катастрофално пред се во првото полувреме. Романците, кои беа елиминирани токму од Македонија во првото коло од овој бараж, одиграа фуриозно во првите 30 минути, целосно надигрувајќи го противникот од Јужна Америка и покажувајќи го патот како нашата селекција треба да игра со овој ривал, за предност од 18-11.
Аргентинците успеаја да се консолидираат во вториот дел, но Романија со рутинска игра ја задржа предноста, не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

