Ривер Плата го освои третото место на Светскиот ФИФА клупски куп

Фудбалерите на Ривер Плата го освоија третото место на Светскиот клупски ФИФА куп откако во битката за бронзата славеа против јапонска Кашима со 4-0.

Аргентинците сосема заслужено стигнаа до триумф најавувајќи го уште со голот на Зукулини во 25. минута.

Во второто полувреме, Мартинез во 73. минута зголеми на 2-0, за 3-0 од пенал стрелаше Рафаел Боре во 88. минута, а конечните 4-0 ги заокружи Мартинез со својот втор гол во 93. минута.

Во битката за светската клупска титула од 17:30 часот ќе се сретнат Реал Мадрид и Ал Аин.

Се вчитува...