Ривер Плата славеше во „Супер Класико“

Првото „Супер Класико“ оваа сезона, митскиот дуел меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата, им припадна на гостите. Фудбалерите на Ривер Плата славеа со 0-2 на „Ла Бонбоњера“, иако пред мечот ја имаа улогата на аутсајдери.

Гонзало Мартинез во 15.минута го најави изненадувањето, а Игнасио Скоко во 69.минута го нокаутира тимот на Бока јуниорс. Тимот на Марсело Гаљардо сосема заслужено на крајот стигна до бодовите на овој мегадуел.

Се вчитува...