Со два играчи помалку и по поразот од Интер, екипата на Ривер Плата е елиминирана од Светското клупско првенство, а во следната фаза одат тимот од Милано и Монтереј, кој со 4-0 ја совлада екипата на Урава. Со тоа аргентинските екипи доживеаја целосно фијаско, откако претходно испадна и Бока Јуниорс.
Во 65. минута Мартинез Куарта доби исклучување, а во 72. минута Еспозито му донесе на Интер предност во натпреварот. На 2-0 зголеми Бастони во 93. минута, и практично ја запечати победата. Монтиел потоа доби црвен картон за крај на сите надежи за Ривер. Сите голови и интересни моменти на следниот ЛИНК.
Монтереј го реши прашањето околу победникот против Урава од Јапонија за само 39 минути. Во тој период мексиканскиот тим имаше предност од 0-3 со головите на Деоса, Берераме и Корона. Во вториот дел, пред самиот финиш Бертераме постигна уште еден гол за конечни 0-4.
Интер во 1/8 финалето ќе игра против Флуминензе, додека Борусија Дортмунд ќе се сретне со Монтереј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

