ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Одличните игри на Македонија во првата фаза придонесоа ривалите сега со многу поголем респект да гледаат на нашиот национален тим. Шпанците не ни сонуваа дека во својот премиерен меч од втората фаза ќе влезат со заостанување од еден бод во однос на македонските „црвено-жолти“, па сега се соочуваат со уште поголем притисок, свесни дека евентуален пораз би значел и губење на шансите за полуфинале.
Валеро Ривера е еден од клучните играчи на „црвената фурија“ на овој шампионат, а крилото на Барселона открива дека Шпанците во последните два дена посебно внимание посветиле на еден аспект од нашата игра.
„Трениравме и се подготвувавме добро. Македонците играа одлично во првата фаза и ќе мораме да бидеме повнимателни. Раул Гонзалес е одличен тренер кој знае како да ги искористи играчите што ги има на располагање, Македонија го направи тој чекор напред благодарение на него. Македонија често игра со седум ракометари во нападот и го прави тоа многу добро, ние работевме напорно на последните тренинзи да ги запреме за да не стигнуваат до лесни голови“ – изјави Ривера во пресрет на денешниот натпревар во Вараждин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА