Тренерот на Милвоки Бакс, Док Риверс се надева дека една од најголемите ѕвезди во тимот, Дамиен Лилард ќе биде подготвена за настап во разигрувањето за титула во НБА лигата.
На 34-годишниот бек му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза на мускулот на потколеницата, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека за него сезоната е завршена, рехабилитацијата се одвива во посакуваното темпо па затоа Риверс е оптимист да добие засилување во битката за титула.
„Денеска имаме многу поголема надеж отколку пред три дена. Ќе направиме се што можеме ако има начин да го вратиме за плејофот“, изјави Риверс.
Лилард кој оваа сезона во просек постигнува 24.9 поени, 4.7 скокови и 7.1 асистенција ги пропушти последните осум натпревари за својот тим, а и не патува со соиграчите поради загриженоста за проблемите кои можат да настанат при лет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА