Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов сигурно ова лето ќе има нов клуб. Тој ќе си замине од Барнли на една година од истекот на договорот, и треба да одбере клуб каде ќе ја продолжи својата кариера.
Пред неколку дена претседателот на Јагелонија, каде што Чурлинов беше во минатата сезона, откри дека се во контакт за нов ангажман, но сега се појави интерес од Турција.
Според медиумите во оваа земја, тимот на Ризеспор веќе е во преговори за ангажман на репрезентативецот на Македонија во своите редови. Чурлинов е на излезна врата од арнли, откако за него нема место во екипата, а тој сака да најде ангажман каде што ќе има поголема минутажа.
Çaykur Rizespor son olarak Burnley forması giyen Makedon kanat oyuncusu Darko Churlinov’u kadrosuna katmak için görüşmelerini sürdürüyor.
🔗 Yakup Çınar pic.twitter.com/73Rd8XlMkQ
— Berkay Eğriboyun (@BerkayEgriboyun) August 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

