Јапонецот Рјоју Кобајаши им се врати на победите во Светскиот куп во скијачки скокови. На вториот ден од викендот во швајцарскиот Енглеберг забележа доминантна победа откако беше најдобар и во квалификациите и во првата и во втората серија.
За четвртата победа на седмото сезонско натпреварување, Кобајаши во првата серија прескокна 144 метри поставувајќи рекорд на скокалницата, а во втората сесија имаше должина од 137 метри.
Останатите места на подиумот ги пополнија полските скокачи, Пјотр Жила имаше должини за второто, а Камил Штох за третото место.
Натпреварувањето во Енгелберг е последно од Светскиот куп во пресрет на турнејата „Четири скокалници“ која почнува на 30 декември од австрискиот Оберсдорф.
Во пресрет на традиционалната новогодишна турнеја Кобајаши е сигурен на врвот во генералниот поредок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА