Рјоју Кобајаши за историја, ги освои „Четирите скокалници“ со четири триумфи

Рјоју Кобајаши стана само третиот скокач во историјата по Камил Стох и Свен Ханавалд кој ја освоил турнејата „Четири скокалници“ со триумфи на сите четири натпреварувања.

Јапонецот на последната етапа, во австрискиот Бишофсофен се проби од четвртата позиција по првата серија до новиот тирумф благодарение на скокот од 137,5 метри во втората сесија. Сезонава за него ова е осма победа, петта последовна. Давид Кубацки и Штефан Крафт го пополнија подиумот на последното натпреварување.

Во вкупниот поредок за турнејата, зад Кобајаши заврши Маркус Ајзенбихлер што е негов најдобар резултат воопшто во кариерата.

Младиот Јапонец кој е апсолутна сензација сеознава со Светскиот куп во скијачки скокови е и убедлив лидер во генералниот поредок и прв петендент за вкупен триумф.

 

 

 

Се вчитува...