Ракометарите на Аеродром и Скопје одиграа реми 22-22 во малото градско дерби како дел од последниот меч од 10. коло од групата А во Суперлигата на Македонија. Освен почетната предност на домаќините од 4-1, ниту еден тим не се одлепи до крајот на првото полувреме кое заврши исто така нерешено 10-10.
Израмнетата игра продолжи и во вториот дел, па на крајот конечните 22-22 и поделбата на бодовите беа најреален приказ за тоа што се случуваше на теренот во СЦ „Јане Сандански“ ова попладне.
Мелоски и Костов со по седум гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените шест постигна Марио Мишевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА