Ракометарите на Алкалоид се шампиони на Македонија во кадетска конкуренција откако во финалето славеа над Еурофарм Пелистер 2 со 31-22 на Ф4 турнирот кој се играше во Автокоманда.
Домашниот тим дојде до сигурна победа и така ја освои кадетската титула, по пионерската, додека во младинскиот ракомет најдобар беше РК Мулти Есенс кој е исто така под Алкалоид.
Најдобар стрелец во победничкиот табор беше Марин Крстевски со девет гола, а кај поразените најдобри беа Димовски, Вирловски и Ѓоргиевски со по четири гола.
За МВП на турнирот прогласен е голманот на Алкалоид, Ѓорѓи Николовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА