Амбициозниот РК Алкалоид кој во следната сезона ќе испише клупска историја со излез на европската сцена денеска го потврди трансферот на четири нови засилувања од кои двајца се Македонци, а двајца странци.
Станува збор за репрезентативецот на Македонија, десниот бек Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, како и левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба Алехандро Ромеро.
Велковски доаѓа од тимот на Еурофарм Пелистер, а во минатото настапуваше и за Металург, додека Стојчевиќ кој важи за голем ракометен потенцијал претходната сезона бележе настапи за Бутел.
Триесетипетгодишниот Бинго кој во минатото ги бранеше и боите на репрезентацијата на Франција со себе носи и големо искуство настапувајќи и на клупско ниво за Бенфика и Спортинг Трембле и Монпелје, слично како и голманот Ромеро кој настапуваше за Екс Провaнс, Понто Комбо, Онередс Аристика и Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА