Македонскиот ракометен суперлигаш и освојувач на ЕХФ европскиот куп, РК Алкалоид денеска ги почна подготовките за новата сезона.
Покрај стартот на подготовките тимот од Автокоманда денеска го промовираше и исландскиот интернационалец.
Исланѓанецот кој има 25 години во тимот доаѓа од екипата на Валур, со која минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Европската лига на ЕХФ.
За него, настапите за РК Алкалоид ќе бидат прво интернационално искуство. Претходно во кариерата Тодарсон настапуваше за Афтурелдинг и Стјарнан од Исланд.
Од друга страна Алкалоид им се заблагодари на Арно Бинго, Константин Петров и Михајло Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

