РК Алкалоид убедлив против Прилеп

Освојувачот на ЕХФ купот, Алкалоид запиша нова победа во ракометната Суперлига, откако денеска во премиерниот меч од 5. коло на убедлив начин славеше на домашен терен против Прилеп со 47-21.

Избраниците на Кирил Лазаров тргнаа фуриозно уште од првата минута и веќе по триесет минути игра имаа двоцифрена предност (23-10). Во вториот дел Алкалоид само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 47-21.

Eмилијан Ѓорѓовски со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Лековиќ и Шабановиќ.

Се вчитува...