РК Алкалоид: Уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и македонскиот ракомет!

Ракометниот клуб Алкалоид се огласи по повод освоената титула во ЕХФ Европскиот Куп, откако европската ракометна федерација донесе одлука откажаниот меч против грчки АЕК во Скопје да го регистрира во корист на македонскиот клуб. Така Алкалоид со 10:0 го доби мечот.

Од Алкалоид велат дека ова е голема победа за клубот, но и воопшто за македонскиот ракомет.

„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет! По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини. По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини! Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!“, стои во соопштението на РК Алкалоид.

Се вчитува...