Алкалоид направи неверојатен подвиг откако и на вториот меч од плејофот против Вардар успеа да го земе скалпот на двократниот европски првак, воедно прескокнувајќи ги „црвено-црните“ на второто место на табелата.
Ваквиот пласман е од исклучителна важност бидејќи второто место според рејтингот на Македонија носи и директно место во групната фаза од Лигата на Европа на ЕХФ, што значи дека Алкалоид за само една година успеа најпрвин да влезе во елитното македонско ракометно друштво, а потоа и да си го лансира патот до европските купови.
Одличен старт на проектот предводен од Кире Лазаров со целосна поддршка на моќната компанија на чело со Живко Мукаетов, а нема дилема дека ваквиот пласман ќе биде само мотив повеќе за сите во РК Алкалоид, за уште поголеми успеси во годините што следат…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА