Македонскиот суперлигаш Бутел Скопје денеска претстави две нови засилувања во имињата на левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ и кружниот напаѓач Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.
Претходно скопскиот тим се засили со искусниот Мице Шилегов од Вардар Неготино. Тројцата би можеле да го имаат своето деби на натпреварот со Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

