Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел објави дека се разделува со двајца ракометари. Средниот бек Петар Цветковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски не се повеќе дел од ракометниот клуб Бутел Скопје.
„Двајцата ракометари и нашиот клуб се разделија спогодбено. Им благодариме за придонесот во Бутел Скопје и им посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, стои во соопштението на РК Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

