Ракометниот клуб Металург го потпиша црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ. Левото крило минатата сезона ја помина во дресот на битолски Пелистер каде беше најдобар ракометар во сезоната со постигнати 174 гола.
Тој потекнува од младинската школа на Ловчен од Цетиње каде и ја започна професионалната кариера, а во кариерата настапуваше и за унгарскиот Ваци. Поповиќ со Металург потпиша договор во траење од една година.
Металург во сезонава ќе настапува во домашното првенство и во ЕХФ купот, откако денеска од страна на Европската ракометна федерација беше потврдено дека следната сезона Македонија во Лигата на шампионите ќе ја претставуваат екипите на Вардар и Еурофарм Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА