РК Охрид ја продолжи соработката и со Борче Соколов

Ракометниот прволигаш Охрид го продолжи договорот со Борче Соколов на уште една сезона, потврдија денеска од клубот.

„Столбот во одбраната, Борче Соколов уште една година во Охрид“, стои во соопштението од клубот. 

Претходно, Охрид ја продолжи соработката и со тренерот Раде Стојановиќ како и со капитенот Крсте Андоновски, Бобан Блажески, Иван Тасески, Мартин Манасков и со Никола Даниловски. На останување во клубот се обврзаа и интернационалците, Филип Кривокапиќ, Денис Тот и Јагош Брауновиќ.

 

Се вчитува...