Капитенот Крсте Андоновски и пикерот Иван Тасески ја продолжија соработката со РК Охрид. Со потпишувањето на новите договори со двајцата стандардни првотимци, РК Охрид почна со креирањето на екипата за следната сезона.
Според најавите од охридскиот суперлигаш од чии редови летово заминаа неколку ракометари, за следната сезона тимот ќе биде составен исклучиво од домашни играчи, без ангажирање на старански засилувања. Во првиот тим ќе бидат приклучени и неколку ракометари од младинската школа на РК Охрид.
На крајот на сезоната од Охрид во РК Бутел се преселија Јовица Младеновски и Бојан Спасовски, Благојче Трајковски потпиша за Еурофарм Работник, а Марко Кобетиќ го засили Пелистер. Од ласнскиот состав, претходно си заминаа и Кезиќ, Клаиќ, Бирдахиќ и Адамовиќ.
Фото:Ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА