Златко Везенковски и Дарио Симоноски го засилуваат составот на РК Охрид за новата сезона. Во охридскиот суперлигаш беа претставени дајцата нови ракометари со најава дека управата на клубот со засилено темпо работи на формирањето на екипата која ќе се потпира главно на домашни играчи.
Везенковски во Охрид доаѓа од тимот на Пелистер, а Симоноски минатата сезона беше во редовите на Металург Јуниор.
Претходно, РК Охрид ја продолжи соработката со Крсте Андоновски, Иван Тасески и со Бобан Блажевски, а нов голман во тимот е Мартин Јовановски.
Од охридскиот тим на крајот од сезоната замина Благојче Трајковски кој се пресели во Еурофарм Работник. Откако не најдоа заеднички јазик со управата, од Охрид си заминува и бекот Славиша Димитријевски.
Фото: Ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА