Ракометниот клуб Пелистер со официјален став на својот фејсбук профил реагира на случувањата за време на синоќешното дерби со Охрид, пред се на инцидентот од крајот на првото полувреме кога дојде до тепачка меѓу играчите на двете страни, па покрај исклучувањата и црвените картони, дополнителни сини картони заработија и Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески од Охрид, како и Милош Рајичиќ и Иван Димитровски од Пелистер.
Соопштението на РК Пелистер го пренесуваме во целост:
„Случката која не наликуваше на фер-плеј “намерното удирање со топката на пикерот Петров, а притоа домашниот тим во досегашните изјави ниту еднаш не ја призна вината за почетокот на целиот настан во кој 4 играчи настрадаа со црвени и плави картони од двата табори. Напротив, тренерот на Пелистер беше обвинет на еден од медиумите од охридскиот бек Димитријески, дека бил провокатор и што е најстрашно бил плукан. Јошко Петковиќ многу јасно се гледа на видео снимката дека ги смирува неговите и противничките играчи за што побргу да се смират страстите. Да ја оцрниш победата на својот тим со дрско префрлање на вината на спротивната страна е претенциозно и неморално од своја страна иако во текот на целиот меч домаќинот беше оној кој грубо ги фаулираше пелистеровите играчи за разлика од домаќинот, нашите професионално го одиграа цел меч и не возвратија со груба игра. Жално е за македонскиот ракомет дека вакви и слични настани ги “грдат” ракометните претстави наместо да бидат ракометна и спортска послатица за сите љубители кои ќе дојдат да го проследат во живо или пред малите екрани. Уште еднаш Пелистер ја поздравува навивачката атмосфера и крајниот резултат, но не и немилиот настан кој и те како не беше потребен !
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА