РК Прилеп го продолжи договорот со тренерот и двајца клучни ракометари

Македонскиот суперлигаш Прилеп го продолжи договорот со тренерот Наум Танески и двајца клучни ракометари Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски.

Со овој потег Прилеп го зачувува костурот на тимот и за следната сезона во која со неколку нови засилувања, прилепчани би можеле да се борат и за пласман во плеј-офот во домашниот шампионат.

Се вчитува...