Подготвувајќи се за новата сезона РК Прилеп продолжува со креирање на костурот.
Прилепчани ја продолжија соработката и со левото крило Христи Бикоски како и и десното крило Алија Амзоски. И двајцата се обврзаа на двегодишна соработка со РК Прилеп.
„По неколкуте засилувања кои ги доби Прилеп, денес нови договори потпишаа двајца ракометари кои имаа голема улога за влезот на Прилеп во Суперлигата“ – информираа од таборот на РК Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА