Ракометниот клуб Прилеп се соочува со голема финансиска криза и е пред згаснување. По укинувањето на финансиската помош од Општина Прилеп, клубот се најде во безизлезна ситуација да не може да ги подмири обврските кон играчите, кои на крај добиле и бланко-исписница да си бараат нова средина.
„Ги информирав ракометарите, сите играчи се слободни да си бараат нов клуб. Исписница ќе добијат сите што ќе побараат, веќе не можеме да ги обврземе со договор. Заостанатиот долг ќе се трудиме да го сиплатиме“ – изјави претседaтелот на клубот Александар Мариновски за порталот g-sport.mk.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА