Ракометарите на Вардар очекувано го совладаа ракометниот клуб на Радовиш со резултат од 35-32, а оваа победа на „црвено-црните“ значи и обезбедување на билет за пласман во Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Вардаровите ракометари уште еднаш ја покажаа својата класа, па воопшто не им дадоа шанса за надеж на радовишани, кои потфрлија во натпреварот уште во првото полувреме, кога на пауза се замина со резултат од 19-13.
До крајот на натпреварот „црвено-црните“ рутински ја заверија оваа победа, најефикасни во победничкиот табор беа Стефан Атанасофски и Јосип Векиќ со по 6 гола, а Милош Лојанчиќ кај РК Радовиш со 10 гола.
Следниот предизвик на Вардар ќе биде Веспрем, натпревар од Лигата на шампиони закажан за четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА