Ракометарите на Тиквеш стигнаа до рутински триумф над Радовиш од 33-20 во натпревар од 11. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Гостите добро го отворија натпреварот и имаа предност од 2-4. Сепак, домаќините по „заспаниот“ старт успеаја да се консолидираат и со фуриозна игра до крајот на првите 30 минути на пауза да замина со убедлива предност од 17-8.
Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 33-20. Стефан Трпчевски со шест гола беше најдобар кај победникот, додека кај поразените седум гола постигна Зоран Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА