РК Вардар без проблеми против Тиквеш

Двократниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во домашниот шампионат откако во премиерниот натпревар од денешната програма од 20. коло во Суперлигата на домашен терен славеше против Тиквеш со 39-27.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и веќе на пауза имаа солидна позитива од четири гола (17-13). Во вториот дел „црвено-црните“ успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечен триумф од 39-27.

Хориха и Петриќ со по шест гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Кристијан Анастасовски.

Се вчитува...