РК Вардар ги дозна противниците во Лигата на Европа

Двократниот европски шампион Вардар по денешните реванш мечеви во квалификациите за Лигата на Европа ги доби и останатите два противници во групната фаза. Покрај Порто кој веќе од претходно беше познат, вардарци ќе играат и против германски Мелсунген и исландски Валур.

Мелсунген кој е предводен од Парондо, а во него играат Кристопанс и Рожерио Мораеш беше сигурен против Елверум. Валур пак славеше против Спачва Винковци.

ЛИГА ЕВРОПА ГРУПНА ФАЗА: 

1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024)
2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024)
3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024)
4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024)
5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024)
6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

Се вчитува...