РК Вардар им се заблагодари на ракометарите кои го играат последниот натпревар

Ракометарите на Вардар денеска на гостински терен против Бутел ќе ја затворат сезоната во која најверојатно ќе останат без трофеј бидејќи покрај тоа што на „црвено-црните“ им треба победа против Бутел, треба да чекаат и пораз на Пелистер на домашен терен од Алкалоид.

Битолчани на полувреме имаат позитива од пет гола (18-13) па очекувано е титулата да остане во „Боро Чурлевски“. Денешниот меч против Бутел е последен за четворица ракометари на „црвено-црните“ кои кариерата ќе ја продолжат на друго место.

Вардар им се заблагодари на Мартин Томовски, Марко Мишевски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Карапалевски.

„Заминуваат од клубот, но секогаш ќе останат во нашите срца, и вратата секогаш ќе им биде отворена. Заедно минувавме и нив тешки времиња, и убави спомени ни остануваат. Во посакуваме многу успех во животот и кариерата. Еднаш вардарец – секогаш вардарец“, стои во соопштението на РК Вардар. 

Се вчитува...