РК Вардар му го честиташе големиот успех на ривалот Е. Пелистер

Младинците на Е. Пелистер остварија фантастичен успех на турнирот во Букурешт, каде со две победи над Киелце и над Динамо Букурешт македонскиот тим успеа да се избори за место на фјаналфор турнирот во Келн во младинската лига на шампиони што ЕХФ за првпат ја организираше оваа сезона.

Честитка до младите пелистерци испрати и двократниот европски шампион и голем ривал на битолчани, РК Вардар.

„Честитки до РК Е. Пелистер за пласманот на нивните младинци на Ф4 турнирот во Келн. Секогаш се радуваме на успехот на македонските екипи, особено кога имаат одлични резултати на европска сцена. Ривалството секогаш носи напредок, а тоа резултати. Им посакуваме успех, да имаат ист резултат како и кога Вардар на своето премиерно издание во Келн во 2017 година стана европски првак“, стои во соопштението на РК Вардар. 

Се вчитува...