Шампионот на сезоната 2024/25 во ракометното првенство ќе биде одлучен денеска со почеток од 19 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во населба Аеродром каде силите ќе си ги одмерат Вардар и Е. Пелистер на голем интерес на јавноста.
Поради распродадената сала РК Вардар денеска објави информации околу влезот во салата. За истиот ќе бидат отворени два влеза: Влезници за блокови 4, 5, 6, 7, 8, А2 и А3 ќе може да го користат влезот што е веднаш во ФАН ШОПОТ (странично), додека влезници за блокови 1, 11, 12, 13, 14, 15, 16, А5 и А6 ќе може да го користат главнот влез во салата, пред ресторанот на Хотел Русија.
Вардар напоменува фановите да имаат испечатени влезници или пак истите да бидат прикажани на телефон со цел побрз влез во арената со напомена дека вратите на влезовите ќе бидат затворени во 19 часот и 15 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

