Подготовките за новата сезона ракометарите на двократниот европски шампион Вардар ќе ги почнат на 17. јули во Скопје, за кога е закажан и првиот собир на тимот.
Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се заминува во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките. Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26. јули до 3. август, по што екипата се враќа во Скопје.
Досега е сигурно дека „црвено-црните“ ќе учествуваат на два турнири, во Струга од 14. до 17. август и во Охрид од 20. до 24. август. Вардар следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА