РК Вардар ремизираше со српска Дубочица во првиот контролен натпревар во 2025 година

Двократниот европски шампион, РК Вардар го одигра првиот контролен натпревар, пресрет подготовките за продолжението на сезоната во ракометната Суперлига на Македонија.

„Црвено-црните“ на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ремизираа против српска Дубочица (29-29).

Стратегот на Вардар на овој меч поради настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка не можеше да смета на македонските репрезентативци, Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски, како и на Коиј, Маргели и Родригез, кои исто така беа дел од Мундијалот.

Се вчитува...